(ВИДЕО) МОН објави упатство за чистење на училиштата, за протоколите ќе го чека СОНК

Од:

Во очекување на протоколите со сите детали како ќе работат училиштата од 1 септември, Министерството за образование и наука објави Упатство со прирачник за одржување на училишните објекти заедно со анимирано видео на кое се покажува како да се чистат и дезинфицираат училиштата.

Ставот на работната група на МОН и Комисијата за заразни болести е наставата во новата учебна 2020/2021 година да се следи со физичко присуство на учениците секаде каде што постојат услови и во зависност од епидемиолошката состојба во одредена средина.

Според најавата, протоколите треба да бидат усвоени на седница на Владата, но најверојатно тоа нема на биде на денешната затоа што, како што изјави за МИА заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска, оставаат Синдикатот за образование и наука (СОНК) да се произнесе со нивни мислења за моделите на настава што се предлагаат.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков за МИА изјави дека реагирале што како репрезентативен синдикат не биле вклучени во работната група на МОН за да се советуваат за протоколите, така што е договорено до утре на МОН ќе му пратат мислење.

-Не бевме ниту прашани, ниту консултирани, а од нас како наставници и како вработени ќе се бара да ги спроведеме тие протоколи. Не тврдиме дека се лоши, но сметаме дека требаше да бидеме инволвирани во тоа за да видиме што е спроведливо, што не е спроведливо и ако не е добро наставниците да може да кажат ова да се поправи на ваков начин. По нашите реакции, министерот за образование контактираше со мене и побара да дадеме наш став, мислење. Преку нашата мрежа работиме да најдеме најсоодветни решенија во однос на предлог-протоколите за кои до вчера не бевме  инволвирани и слушавме од тоа што го објавуваат медиумите, рече Неделков.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови