ВИДЕО: МНР ги осуди несоодветните предизборни спотови во Бугарија

Од:

Министерството за надворешни работи ги осудува несоодветните изборни спотови во Бугарија со кои се изразуваат територијални претензии кон Македонија.

– Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме, се вели во реакцијата од МНР.

Министерството за надворешни работи очекува официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Евакуирана трета група македонски државјани од Блискиот Исток

Со лет од Дубаи евакуирани 150 патници, од кои 125 македонски државјани, утре лет од Ријад

Враќање на дел од македонските граѓани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин утре