(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

Од:

Додека власта се расфрла со луксуз, брои летови со владиниот авион, патувања на море и милионски тендери, крати пари каде што не смее. Следни на удар на оваа забегана и корумпирана власт се болните од ретки болести. Парите од програмата за ретки болести се скратени за 180 милиони денари, односно околу 3 милиони евра. Нема 3 милиони евра за пациентите, ама има за авион, за 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 74 за трета, има 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ и тендер преку пошта, изјави Рената Младеновска – член на Извршниот одбор на СДСМ.

– Нема за плати, нема за земјоделци, нема за болни. И тоа додека бројот на пациенти со ретки болести расте, владата буџетот го намалува. За Владата тоа можеби е само бројка во табела. Но, за пациентите – тоа е терапија што може да доцни, лек што може да недостига, третман што може да се прекине. Регистарот за ретки болести брои 1.093 пациенти. 240 од нив се деца до 14 години. Ова не се бројки, туку тажни човечки судбини, дечиња, родители кои собирале пари, оделе од болница во болница, живееле во страв дали терапијата ќе стигне навреме.

За овие семејства секој ден е борба. За нив, здравјето не е политика – туку живот. Кај ретките болести, доцнењето значи влошување, а понекогаш и неповратна штета. Со вакви кратења за 3 милиони евра, Владата директно ги доведува во ризик овие пациенти. Ова е неправда која мора веднаш да се исправи. СДСМ бара итно и неодложно зголемување на парите за програмата за ретки болести, најмалку на нивото од минатата година, со дополнителни средства согласно зголемениот број пациенти. Време е да се прекине луксузот на власта и да се поддржат најранливите, рече Младеновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати