(ВИДЕО) Мизрахи и Стојаноски од Ѓорче Петров: ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши горливиот проблем со дивите депонии

Од:

Кандидатите за пратеници на Изборна единица 2, Рашела Мизрахи и Бојан Стојаноски ја посетија Општина Ѓорче Петров, односно населеното место Ново Село и ветија дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да има диви депонии, туку ќе има конторлирано управување со отпад.

„Една слика, велат илјада зборови. Почитувани граѓани на Република Македонија, почитувани граѓани на Скопје, доколку не знаете се наоѓаме во Општина Ѓорче Петров, населено место Ново село и втората најголема депонија на Скопје позади нас“, истакна Мизрахи.

Стојаноски на ова се надоврза и рече дека поради тоа се денеска тука и дека во „Проект – обнова на Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува во делот кој што е за заштита на животната средина. А, на страна 59 – проектот број 3 е контролирано управување со отпад.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ стоиме тука и се обврзуваме дека вакви глетки повеќе во Ѓорче Петров нема да има и дека оваа горливо прашање трајно ќе биде решено“, нагласи Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ