(ВИДЕО) Мизрахи: 1305 жртви од Ковид-19, ќе беа далеку помалку да не беше неспособноста на Филипче

Од:

„Ковид-19 не е статистика. Секојдневно се држат пресконференции на броеви. 195 починати за една недела, 1305 од почетокот на пандемијата во месец март. Но, Ковид-19 не е статистика.

Ова се луѓе, со име и презиме. Нечии мајки, татковци, сестри, браќа, нечии деца“, кажа Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс. Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А оваа битка не се добива со прес конференции, туку со мерки, протоколи и мобилизација на сиот квалитетен кадар.

И додека се продава скап ПР со единствена цел „да се избега од одговорност“ во стил на ова владеење, јасно е господине премиер, ив ие господине Министер за Здравство, одговорноста е целосно ваша.

Зошто сите знаеме дека секаде во светот умираат луѓе од Ковид, но сигурни сме дека оваа трагедија ќе беше многу помала да не беше и да не е вашето неспособно управување со кризата.

Овој настан вечерва е во знак на почит од жртвите од Ковид луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе. Тие не се тука поради неспособната влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка.

Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност. Прашање на живот“, изјави Рашела Мизрахи, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”