(ВИДЕО) Митровски: Смилевски веќе 10 години не живее во Бутел, СДСМ не престанува да ги понижува граѓаните

Од:

Груба лага и манипулација е дека кандидатот на СДСМ, Велимир Смилевски, живее во Бутел, изјави денеска Дејан Митровски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина.

Митровски кажа дека СДСМ не престанува да ги понижува граѓаните.

СДСМ кандидира градоначалник за Бутел кој не живее во Бутел. Имено, во дебатната емисија „Само вистина“ извади лична карта со која мавташе и покажуваше дека живее во Бутел. Во која оштина живее Велимир Смилевски? Кога јавно кажа дека зимно време живее во една општина, летно време во друга, а викендува во трета, изјави Митровски.

Митровски напомена дека ова е уште една лага и потценување кон бутелчани.

Велимир Смилевски веќе 10 години не живее во Бутел, во избирачкиот список се гледа дека на таа адреса живеат и гласаат луѓе кои не се во никаква роднинска врска со Велимир. Бутел и бутелчани нема да дозволат човек што не живее во нашата општина да управува со истата и затоа на 29 октомври ќе го казнат ваквото понижување, ќе гласаат за бројот 13, за стабилен и просперитетен Бутел, изјави Митровски.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори