(ВИДЕО) Митревски: Интеграцијата во ЕУ ќе значи зголемување на животниот стандард на граѓаните

Од:

Пред нас е историска, најдобра и фер шанса, која што имаме заедничка одговороност да ја искористиме, рече Јован Митревски пратеник од СДСМ и коалицијата.

– Со македонско-грчкиот договор вложуваме во нашата заедничка иднина. Обезбедуваме членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет, еднаш-засекогаш. Нашата татковина станува сојузиник на НАТО и ЕУ нациите кои имаат силен економски развој. Со членството во Европската унија ќе се зголемат значително фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Ќе има многу повеќе пари и ќе се градат нови патишта, мостови, водоводи, канализации, пречистителни станици, училишта, градинки. Се тоа за подобар живот, за подобро утре на нашите деца. Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард, рече Митревски.

Како што кажа тој, бруто домашниот производ на Унгарија се зголемил за 23 отсто од 2004 до 2017 година, по членството во ЕУ, на Чешка за 37 отсто, а на Полска за дури 63 отсто.

– Конечно, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, го чуваме историското културно наследство, македонскиот јазик е признаен засекогаш. Поетска Струга најдобро знае колку значи тоа, за македонскиот јазик, за нашата култура, традиција, за нас. Придобивките од членството во Европската унија се огромни. Интеграцијата на Македонија во ЕУ ќе значи зголемување на животниот стандард за сите наши граѓани но ќе значи и признавање на нашиот идентитет. Од овде, од градот на поезијата, од градот на Миладиновци, од мултиетничка Струга ве повикувам заедно да ја донесеме одлуката за нашата иднина, за иднината на нашите деца. На референдумот на 30-ти септември да кажеме да за членство во ЕУ и НАТО со зачуван идентитет, рече Митревски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници