„Денеска во македонското Собрание целата јавност се увери дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината, се плашат од аргументите, од обраќањето на премиерот Ковачевски и говорите на пратениците од мнозинството. Нервозни се затоа што сите нивни лаги, измислици, шпекулации, се поразени, потопени“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
„Ги видоа заклчоците, поддржани од пратениците од владејачкото мнозинство со кои јасна е целосна заштита на јазичните, идентитетски, културни и историски посебности на македонскиот народ и спроведување на процесот на преговори со ЕУ.
Ги слушнаа силните пораки од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Македонци, со чист македонски јазик во ЕУ, без додавки, модификации, квалификации.
Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, не се услов ниту дел од преговорите.
Македонската вистината е една и ниту едни лажни патриоти, со вувузели не можат да ја замолчат.
Антиевропската коалиција која е против ЕУ, толку може.
Тензиите и крвавите сценарија кои намерно ги ширеа по улиците и не им успеаа, сакаа да ги пресликаат во Собранието, ама не можеа, им пропаднаа, не им дозволиме.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ се плаши и не сака дебата. Затоа се нервозни.
Може да свиркаат, може да галамат.
Гласот на македонски јазик нема да го замолкне никој, ниту во македонското Собрание ниту никаде.
Македонски јазик ќе ечи и во ЕУ.
А овие деструктивци, примитивци, осуден криминалци нема да ја закочат државата.
Продолжуваме по европскиот пат.
Тие нека продолжат да свират, ние ќе влеземе во ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.