ВИДЕО: СДСМ и сите партии на Албанците ги изгласаа заклучоците за францускиот предлог

Од:

Собранието ги усвои предложените заклучоци со 68 гласа откако ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската сала. По донесената одлука за преговарачката рамка, од СДСМ ширеа знамиња на ЕУ во Собранието и со аплауз го поздравија своето гласаање со кое се задолжува Владата да го продолжи процесот на преговори со ЕУ.

dobivaj vesti na viber

Атмосферата во изминатите два дена и денеска беше пропратена со прозивки, тензии, обвинуцвања и навреди. ВМРО-ДПМНЕ и Левица бараа отфрлањее на предлогот зашто со тоа според нив се врши асимилација, а СДСМ тврдеше дека се заштитени македонскиот јазик и идентитетот.

Во усвоениот текст пишува дека Собранието поаѓајќи од стратешките интереи за членство во ЕУ ја задолжува Владата да продолжи со преговорите со ЕУ за да се одблокираат преговорите.

Се задолжува Владата преку државната делегација за преговори, МНР и експертскиот тим доследно да се придржува за почитување на јазичните, идентитетските и историските посебности.

Понатаму се наведува дека се задолжува Вадата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде без фусноти, при склучување на било какви договори како со ФРОНТЕКС истите да се потпишат со наведување на македонски јазик без никакви додавки и фусноти.

Пишува и дека Владата не смее да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во преговарачката рамка.

Со правдање дека не е се уште потпишан, Владата не го покажа она што јавноста цело време го бараше-Протоколот, за кој се смета дека ги содржи сите бугарски барања односно дека во его се наведува исполнувањето на нивните желби.

Би можело да ве интересира

Митрески: Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет и историска посебност

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанушев: Даре, те гледам во очи и ти кажувам дека си однароден мрсник, бугарски

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стојаноска до СДСМ: Вашето гласање ќе има важност колку една обична бугарска прдешка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николоски: Прифаќањето на бугарските барања е најголемо предавство во независна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Најголемата грешка на ВМРО-ДПМНЕ е што сакаше со лаги да ги злоупотреби граѓаните

Ана Ололовска

Ефтимов: Надлежноста со преговарачката рамка е на Владата, но таа бега од одговорност

Ана Ололовска