(ВИДЕО) Јанушев: Даре, те гледам во очи и ти кажувам дека си однароден мрсник, бугарски

Од:

Однародени мрсници ги нарече своите колеги од СДСМ пратеникот Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ кој меѓу последните излезе на говорницата во Собранието на расправата за информацијата за францускиот предлог. Не планирал воопшто да зборува оти неговите колеги од позицијата биле „однародени изроди“ со кои не планирал да се занимава, но почувствувал потреба да даде објаснување за јазикот.

dobivaj vesti na viber

„Да, јас разбирам дека за вас е прифатливо тоа што сакате денес да го гласате бидејќи за вас не е проблем да биде јазикот на граѓаните на Северна Македонија бидејќи тоа сте вие. Однародени мрсници, да Даре, те гледам во очи и ти кажувам дека си однароден мрсник, бугарски. И пред малку колегата ви се обрати со СДСМ, не, отсега сте СДСБ, СДС бугарска. Ништо повеќе ништо помалку. И ова што го правите сега е исто со она што го правевте минативе денови. За луѓето што гаѓаа со јајца на протестите определувавте притвор, а за оние со пиштолите кај Скендербег излезе дека биле со цвеќе. Срамота! Патетични сте, изгубени сте“, рече Јанушев.

И тој, исто како неговиот сопартиец Драган Ковачки пред два дена, им порача дека ќе лежат за велепредавство.

„Ќе си лежите и ќе си одговарате сите до еден. Да, читајте книга претседателе на Влада, климајте со главата и смејте се. Тука ви е Тупанче, прашајте го. Ова што го правите, согласно Кривичниот закон е велепредвство, за ова се одговара. И ќе одговарате сите до еден. Македонскиот народ знае да прости, но за некои работи нема простување затоа што не сме ни глупи, не сме ни слепи. Луѓето кои излегуваа, што ви кажуваа да кажете не, еден ден, а тоа ќе биде многу брзо, ќе дојдат по своето затоа што големо ни е името, голема ни е нацијата, големо ни е наследството Македонецот е горд, и Македонецот нема ова да го дозволи“, рече Јанушев.

Собранието денес со 68 гласа „за“ ги усвои заклучоците по францускиот предлог и ја задолжи Владата да го продолжи процесот и да ја усвои преговарачката рамка. Пред гласањето пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија салата.

Би можело да ве интересира

Митрески: Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет и историска посебност

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стојаноска до СДСМ: Вашето гласање ќе има важност колку една обична бугарска прдешка

Ана Ололовска

ВИДЕО: СДСМ и сите партии на Албанците ги изгласаа заклучоците за францускиот предлог

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николоски: Прифаќањето на бугарските барања е најголемо предавство во независна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Калеска Ванчева: Најголемата грешка на ВМРО-ДПМНЕ е што сакаше со лаги да ги злоупотреби граѓаните

Ана Ололовска

Ефтимов: Надлежноста со преговарачката рамка е на Владата, но таа бега од одговорност

Ана Ололовска