Не смее одново да се блокира и опструира донесувањето на законите за ЈО и за Советот на ЈО кои се темелот на реформите во правосудството и гарантираат неселективна правда и одговорност за сите. Мора да се создадат услови тие да се донесат пред распуштањето на Парламентот, изјави денеска во Собранието координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески по првиот прекин на собраниската седница на која се овие два закона.
Според него, нема нарушувања во односите со коалицискиот партнер ДУИ бидејќи и тие се залагаат за носење на овие закони пред распуштање на Собранието.
Тој додаде дека со овие закони правниот систем добива трајно решение, без потреба од специјални институции и ад хок решенија, а секоја блокада, значи, вели, и опструкција на правдата а државата се враќа назад.
-Мора да се обезбедат услови за гласање, затоа што ова е законско решение зад кое застанаа и нашите пријатели од САД И ЕУ. Ветивме неселкетивна правда и граѓаните тоа го очекуваат. Денешната седница е можност да видиме кој е за правда, а кој за одбрана на криминалот. РСМ чекори напред, нема да ја варатат назад струкутурите кои се за одбрана на криминалт и режимот. Како одговорна партија продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, правдата и државата, рече Митрески.
Нашата цел е, посочи, носење на законите пред распушатење на Собранието пред крајниот рок, а тоа е 16 февруари. Наша приритетна цел е носење на овие закони кои се од интерес за граѓаните и кои се од областа на правдата.
За предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи рече дека тоа значи дека има проблем во техничката Влада, а самиот предлог е поднесен заради непочитување на Уставот од страна на техничката министерка, а која, вели, даде заклетва пред Уставот и Собранието дека ќе ги почитува. Тој се надева дека ВМРО-ДПНЕ ќе се надминат себе и ќе дадат друг предлог за личност која, вели, ќе ги почитува законите и Уставот.
Митрески обвини дека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се кочи усвојување на законите за АВМУ, за одбрана, и на законот за исплата на поголеми плати на професорите во високо образование, како и за законот за надворешни работи и за шестмина новоименувани амбасадори кои треба да ги образложат платформите за делување на комисија пред да бидат испратени во мисиите согласно со воспоставената пркаса.
-Станува збор за луѓе вработени во МНР, за професионалци и навистина е чудно како поранешен министер за надворешни работи да не закажува комисија за таа работа да биде завршена, рече Митрески.
Според него, опозицијата се изјаснила дека за нив законот за АВМУ, за исплата на плати и други неколку закони не се проблем и тие може да се изгласаат.