(ВИДЕО) Митевски: Младите мора да бидат мото за сите промени во ова општество

Од:

Младите од Македонија избегаа поради немилоста на ситуацијата во Македонија. Тие работат по две, три работи за да можат да преживеат во другите држави, но ги има и оние кои што се успешни и кои што ги водат успешните корпорации во светот, рече Виктор Митевски, член на Комисијата за економија на СДСМ.

– Три години заедно со моите колеги работиме на градење на претприемничка заедница во Македонија. Од 70 млади луѓе, 50 се вработени во врвни македонски компании, 15 започнаа сопствен бизнис, поставивме стандард кој што другите треба да го следат. Повторно ќе кажам, македонската младина може и треба да биде мото за сите промени во ова општество. Драги соборци, обидете се да бидете пример за останатите, обидете се да бидете најдоброто од вас, бидејќи ако не се избориме за слободата овде, тогаш каде? Ако не се избориме за демократијата сега, тогаш кога? Ако не се избориме за се, сплотени и обединети, тогаш како. Ако не ние, тогаш кој, рече Митевски.

Тој кажа дека за македонската младина е многу тешко да опстане во Македонија, но кога Македонија повторно ќе биде слободна и демократска, тоа ќе се промени.

– Сум работел илјадници часови на градење јавни политики за млади, сум работел со илјадници млади независно од нивната определба, нивната религиска или етничка припадност. Сигурен сум дека доколку секој еден од нас е експерт и работи во полето кое што најдобро го знае и стане пример за останатите, само така ќе покажеме и докажеме дека во Македонија можеме да живееме достоен живот, живот кој ќе ни овозможи светла иднина не само на нас, не само на нашите мајки и татковци, баби и дедовци, туку и на нашите поколенија, истакна Митевски.

Пред демонстрантите, тој кажа дека секоја акција на шарената револуција и секој збор изразен од бината му дава надеж и сигурност дека овој пат ќе успејат.

– Никогаш не сме биле поблиску до победата, до слободата, до демократијата, рече Митевски.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ