(ВИДЕО) Митевски: Марин издал одобрение за градба на зграда кај „Мајчин дом“

Од:

Пред околу дваесетина дена предупредивме дека општина Аеродром е спремна да издаде одобрение за изградба на нова висококатница на локацијата кај „Мајчин дом“, па Златко Марин го искористи предреферендумскиот период и на инвеститорот му издаде одобрение за градење на станбено деловен комплекс на површина од околу 14.000 метри квадратни, поточно десеткатница со повеќе од 240 нови станови, обвини Дејан Митевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

„Златко Марин одобрението за градење го издал на 19-ти септември. Иако ветуваше дека ќе ја спречи изградбата на оваа висококатница, дека ќе го зачува зеленилото токму на овој простор, како по навика, повторно излажа. Залудни беа и барањата и потребите на граѓаните. Сепак зеленилото кај „Мајчин дом“ ќе биде минато. Како најнеспособен градоначалник на Аеродром, како човек за кого зборот не е збор, успеа да стане рекордер во град Скопје и тоа по број на издадени одобренија за градење“, рече Митевски.

Според него, Марин за помалку од една година издал одобренија за градење на повеќе од 1.100 нови станови во Аеродром.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?