(ВИДЕО) Митева: Заев за Аеродром кандитира осуден човек

Од:

„Не беше така далеку е времето кога Заев ветуваше кадрови реформи, ветуваше нов начин на избор на функционерите, но како и секогаш делата го покажуваат неговото вистинско лице. Денес, лица со сомнително минато имаат максимална поддршка од Заев и се кандидати за градоначалници“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во јавноста постојат документи дека кандидатот на општина Аеродром, Александар Филиповски е осудуван во 2006 година за кривично дело тешка телесна повреда. За ова Заев молчи, нема одговор и вели дека не е запознаен.

За Заев и СДСМ ова е најдобрата понуда. Неспособноста, немањето идеи, немањето проекти кои што ќе значат дополнителен квалитет се најдоброто за нашите општини. Компромитирани кадри кои не го исполнија ветеното, избрани врз принципот на негативна селекција се стандарди за политичко дејствување карактеристични за СДСМ.

Почитувани граѓани, потребни ни се промени, проекти и победи. Време е да ја покажеме разликата, да одбереме нова иднина различна од оваа која до сега ни се нуди“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ