(ВИДЕО) Митева: Владата предводена од СДСМ не само што се прецени, туку и го потцени целиот наставен кадар, сите родители, па и сите ученици

Од:

„Генералната проба која се покажа неуспешна заврши. Владата предводена од СДСМ не само што се прецени, туку и го потцени целиот наставен кадар, сите родители, па и сите ученици. Не уверуваа дека за еден месец можат да направат нешто што не може да се реализира.
На самиот старт на учебната година, согласно Сојузот на средношколци над 80 илјади ученици немаат основни услови за следење онлајн настава. Нивното барање за воведување на комбиниран модел на образование, не е дозволено од Министерството за образование и наука.

Учениците со право стравуваат дека учебната годината може да биде изгубена.

Не може да биде оправдување што министерот е сменет. Владата, па и најголем дел од министрите се исти, само со сменети ресори. Ако Владата мислеше барем малку образованието, со ова темпо ќе работеше цело минато полугодие. Но, за нив одржувањето на изборите и водењето институционална кампања беше приоритет“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„За да се презентира нормален почеток на учебната година наставниците и учениците се насочени кон употреба на „Microsoft Teams“ мрежата, затоа што Националната платформа е комплетно нефункционална.

Македонското образование се соочува со бројни инфраструктури проблеми, слаб квалитет според меѓународните тестирања, несоодветни образовни програми и недоволна мобилност. Ние решенија понудивме во нашата програма, се однесуваат на интегриран електронски систем во образованието, кариерен центар за наставниците со цел градење на капацитетите, воведување на квалитетни наставни програми и многу други проекти.

Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? Дали се обврзувате да воведете модерна настава со дидактички средства и опрема или со неуспешни платформи?

Потребно е да ги препознаете базичните морални и етички вредности, па потоа да се направи избор и начин на соочување со предизвиците. За на крај, доколку не успеете, да поднесете оставка“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски