(ВИДЕО) Митева: Стевче Јакимовски да им објасни на граѓаните како е возможно, за една календарска година, со неговото семејство да станат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош

Од:

Денес сме овде да поставиме серија од сериозни, јавни и суштински прашања кои бараат итен и транспарентен одговор од градоначалникот на Општина Карпош во заминување Стевче Јакимовски. Прашања кои не се само политички, туку морални, и институционални по својата природа, бидејќи се однесуваат на довербата што граѓаните ја дале, а која очигледно е злоупотребена. Затоа прашуваме,
Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје, вели Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Како е можно парцели кои, според претходниот Детален урбанистички план, биле означени како зеленило, по нивната купопродажба од страна на семејството Јакимовски магично да станат градежно земјиште, и тоа со урбанистичка маркица која веќе е уцртана во планот? Дали за овие парцели, кои од зеленило станале градежно земјиште, е поднесено барање за техничка градежна документација? Доколку да, кој го поднел тоа барање, кога, и до каде е постапката? Дополнително, прашуваме дали е вистина дека во изминатата година, покрај домашните парцели, семејството Јакимовски се стекнало и со вила во едно од туристичките места во Грција? Време е прашањата да добијат одговори. Време е да се утврди дали во Карпош владее јавен или приватен интерес и како се успева да се заработи толку за купување на сите овие недвижности што се напоменати претходно, вели Митева.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

Јакимовски: Карпош е прва општина со фотоволтаици во сите училишта

А1он

(ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго