(ВИДЕО) Митева: Шилегов со лажни и популистички ветувања во предизборието не ја врати Треска на скопјани, ја претвори во елитна населба

Од:

„Слушнавте што зборуваше Шилегов пред само неколку години, денес овде немаме пречистителна станица, немаме ноќен живот. Пред неколку дена, владиниот врв на чело со Шилегов присуствуваше на започнување со изградба на елитна, типска населба за домување токму на оваа локација“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно податоците станува збор за околу 142 парцели кои се продадени по цена од 71 денар за м2, додека во слободен промет или реалната цена во овој регион е околу 10 Евра по м2.

Дополнително, говорите им се полни со зборовите зеленило, еколошка функционалност и паркови, а делата полни со бетонизација, дивоградби и новоградби.

Токму во зеленилото над езерото Треска, на површина од 15 хектари ќе никнат овие 142 куќи. Штетата која ќе се направи врз зеленилото е помалку важна за нив, затоа што коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ужива во скапа, елитна населба.

Вака работи СДСМ, вака работи Шилегов, со популистички и лажни ветувања во предизборието, а додека владеат сами себе се побиваат со направените дела“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ