(ВИДЕО) Митева: Претседателот Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал струја и до 33% пониско од берзанската, СДС лажат кога обвинуваат дека е купувана скапа струја

Од:

Најкриминалната влада предводена од Ковачевски водена од желбата за профит при купување и продажба на струја, свесно го уништува енергетскиот сектор кој работи под оптималниот капацитет. Истото се случува за да можат одредени трговци да заработуваат милиони евра, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како и за се друго, антимакедонската СДС повторно се обидува да ја префрли вината кон друг со лажни обвинувања и невистини. Имаат две тези дека Христијан Мицкоски како тогашен директор на ЕЛЕМ набавувал струја по 4 пати повисока цена и дека струјата се зголемила за 100%. И за двете тези лажат затоа што се удавени до гуша во неспособност и криминал. Која е вистината? За периодот од 7-ми до 9-ти јануари цената која е набавена од ЕЛЕМ е по цена од 59,37 евра, а просечната цена на HUPX за тој период изнесува 71,09 евра. Заклучок: Лажат. Еве и доказ за тоа, вели Митева.

Таа додава дека понатаму, за периодот од 9-ти и 10-ти јануари, цената која е набавена од ЕЛЕМ е по цена од 100,43 евра, а просечната цена на HUPX за тој период е 108,64 евра.

-Понатаму, за периодот од 23-ти и 31 јануари, цената која е набавена од ЕЛЕМ е по цена од 88,66 евра, а просечната цена на HUPX за тој период била 132,35 евра. Заклучок: Лажат. Еве доказ и за тоа.

Да сумирам, ако се одземат цените за меѓуграничните капацитети, само по основ на овие цени Христијан Мицкоски набавил струја по цена пониска од 33% од таа што е на HUPX. Ако пак се додадат и прекуграничните капацитети тогаш тоа што го направил Христијан Мицкоски за компанијата е набавка на 40% поевтина струја од таа на HUPX. На лагите на СДС им нема крај, желни да го сокријат сопствениот криминал и неспособност се спремни да лажат и да обвинуваат други. СДС со 5 години власт успеа да го уништи ЕСМ и да го донесе од компанија која работи во позитива, во компанија која е во загуба. СДС се единствените кои успеале да донесат енергетска компанија во минус и за тоа ќе следи одговорност. Дај боже СДС да набавуваше струја по цена која е барем приближна како таа на HUPX. Вистината е дека денес владата набавува струја повисока од цените на HUPX и нема домашно производство што резултира со високи цени на струјата кои ги плаќаат граѓаните и бизнисот, истакна Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ