(ВИДЕО) Митева: Преку новиот Тарифник на Катастар основните услуги се покачени и до 500%

Од:

„Владата одобрила покачување на катастарските услуги и до 500%. Лажни се тврдењата на директорот на Агенцијата за Катастар, Тунџев, дека покачувањето е само 30%. Денес ќе презентираме докази кои покажуваат како власта преку нов Тарифник за услугите удира по џебот на граѓаните, геодетите, нотарите, банките, но во крајна линија народот, зошто тој е краен корисник на сите услуги кои ги пружа системот“ рече на прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако до сега за вадење Векторски податоци од базата на инфраструктурни објекти се плаќало по 183 денари, од сега со дозвола на Владата на Ковачевски ќе се плаќа 1250 денари. Тоа се 583% покачување. За вадење Кординати односно за геодетска и детална точка се плаќало 67 денари, сега се плаќа 250 денари. Со дозвола на Ковачевски имаме 519% покачување. За известување по електронски пат за поднесени пријави и извршени промени во еден имотен лист се наплаќало по 50 денари, сега се наплаќа по 250 денари. Тоа е покачување од 400%. За впишување на промена на носител на право и вид на право во постапка на одржување, се плаќало 300 денари, за сега со дозвола на Владата да се наплаќа 1250 денари. Tоа пак е покачување од 316%“ рече Митева.

За намалувањето таа смета дека „мизерно намалување кое се мери во нула запирка неколку проценти се гледа во некои периферни услуги, кои граѓаните практично многу ретко ги користат. Тука имаме намалување од 0.57% за услугата за вадење на Векторски формат на граници за комплет населени места и исто вакво срамно намалување што не може ниту да се квалификува како такво, а спаѓа во категоријата статистички грешки е вадење на Геореференцирана вертикална претстава на катастарскиот план, услуга која до сега се наплаќала 756 денари, а од сега ќе се наплаќа 750 денари, замислете 6 денари намалување или тоа е намалување од 0.79%“.

Владата и Агенцијата за Катастар се погрижиле да ја имаат и најскапата државна услуга не само во Македонија, туку можеби и во регионот, а тоа е воведување на нова услуга, таканаречено издавање на сервис за спој катастарски парцели/ згради, кој за територија на цела Македонија би чинел 1 милион евра. Со оваа нова услуга, Катастарот на Македонија ја има најскапата јавна услуга на светот и чини 1 милион евра“ вели Митева.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?