(ВИДЕО) Митева: Предлагаме ослободување на хроничните болни и бесплатно тестирање на здравствените работници еднаш месечно

Од:

„Бележиме непрекинат галопирачки раст на бројот на заболени од КОВИД-19. Секој ден нов рекорд, секоја недела нов бран.

Драматична e и состојбата со исполнетост на болничките капацитети, на помош се викаат приватни интернисти. Загрижувачката состојба со коронавирусот вчера беше тема на разговор и во вилата Водно. Но, иако бројките го покажуваат спротивното од таму децидно велат мерките се доволни. Моментално во земјата има 8587 активни случаи на корона вирус, а починале 977 лица.

Задоцнетите мерки го дадоа својот резултат. Ако 85% од починатите се со хронични болести, прашуваме зошто во ниту еден момент не се таргетираа мерките кон ризичната група“, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Воедно ги вративте на работа, додека се’ друго префрлате онлајн. Мерките за задолжителна самоизолација на лица при тестирање за КОВИД-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот е уште еден показател за немањето на концепт од кои сите губиме. Тоа е најризичниот период. Дали досега никој не го контролирал? Кој е виновен за тоа? Чија е одговорноста?

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ предлага Владата и Министерството за здравство, да ги ослободи од работа хронично болните кои се најранливата група на луѓе. Дополнително, предлагаме да се овозможи и организира, бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Да ги заштитиме здравствените работници, нивните семејства, а со тоа да ги заштитиме и пациентите кои имаат потреба од здравствена услуга.

Но, наместо активни мерки во време кога броиме заболени и починати, д-р Караџовски е меѓу годинешните добитници на наградата 13 Ноември што ја доделува Град Скопје како знак на признание за заслуги во здравството, останува само да честитаме“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”