(ВИДЕО) Митева: Испуканите плочки на кејот чинат речиси 70 евра по метар квадратен

Од:

„Договорот за партерно уредување на Кеј „13ти Ноември“ изнесува речиси 1,5 милиони евра. Огромната разлика во цените која ја согледуваме во тендерите кои ги склучува градот Скопје, со онаа која ја има како највисока на пазарот е зaгрижувачка“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поставените плочки на кејот се веќе уништени и скоро секоја втора плочка е испукана. Согласно тендерската документација, поединечната цена на плочките за партерното уредување од неколку стотина метри зависи од видот на плочка која е опишан како тип 1,2,3,4 или 5. Согласно сликите од тендерската документација можеме да заклучиме дека испуканите плочки се тип 1 и овие плочки чинат 3,700 денари квадратен метар. Ова се цени кои не содејствуваат со реалните цени ниту соодветствуваат со квалитетот. И најверојатно за неколку години повторно ќе се раскопува кејот со цел негова реконструкција, а вртоглаво високите поединечни цени во тендерите ќе останат.

Шилегов е во обид да створи предизборна перцепција дека Скопје има нови проекти, но истите резултираат со бетонирани дрва од една страна и распукани плочки од друга страна. Но, Шилегов треба да биде свесен дека перцепција не се гради неколку месеци пред избори и тие скапи проекти имаат краен ефект, а тоа е рушевина.

Она што го отсликува Шилегов е инфраструктурна стагнација, импровизација и лоши проекции за развојот на градот“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ