(ВИДЕО) Митева: Именувањето на двојна функција во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до ДКСК очекуваме институциите да постапат

Од:

„Пред една недела јавно објавивме дека директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Марјан Митовски во исто време е и член на Управен Одбор на ЈП „Улици и патишта“, но до денес немаме постапување од страна на градоначалничката Арсовска со што се дозволува кршење на Законот за спречување на корупција и судирот на интереси“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактичката состојба е дека Данела Арсовска како градоначалник на Град Скопје го назначила Митовски на две позиции.

Марјан Митовски во моментот на назначување на позицијата вршител на должност – директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје паралелно е носител и на друга функција, член на Управен Одбор на Јавното Претпријатие „Улици и Патишта“ – Скопје, и со тоа директно се прекршува членот 44 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, според кој е регулирана забрана за вршење на други дејности и во кој изрично е наведено дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функцијата која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите.

Воедно, Митовски не смеел да биде назначен за директор на ЈП „Водовод и канализација“ се додека е член на УО на друго јавно претпријатие на Град Скопје.

Имено според став 4 од членот 44 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси јасно е наведено дека избрано или именувано лице не може истовремено да врши функција на одговорно лице или член на орган на управување или надзорен орган во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал.

Во однос на горенаведеното, оваа претставка до ДКСК ја доставуваме со цел правилна примена на Законите и со тоа ја повикуваме институцијата да постапи по овој случај со што и на дело ќе се покаже дека заложбата на функционерите е да бидат во еднаква служба кон сите носители на јавни функции“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања