(ВИДЕО) Митева: Градежната „офанзива“ на Шилегов брои 9,5 километри

Од:

„Најавената градежна офанзива на Шилегов брои верувале или не вкупно 9,5 километри. Петре, Град Скопје не е кафана па да ја разработиш за два месеци во летниот период. Град Скопје бара посветеност, бара работа која никогаш не запира и Град Скопје заслужува развој, а не стагнација и предизборна еуфорија.

Залудни се овие напори кои ги вложуваш во предизборието, скопјани имаат одлична меморија и не ги забораваат овие четири години на неработење, не ги забораваат ниту изливите на нервоза и ароганција како и уништувањето на зеленилото“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што најавува Шилегов, оваа градежна офанзива ќе се одвива во сите 10 општини, што значи во секоја општина ќе се реконструира по само 1км од градските улици. Навистина, скопјани се фрапирани од ова твое “засилено” темпо.

Она што го отсликува Шилегов е инфраструктурната стагнација, погрешните политики, како и лошите проекции за иднината и развојот на градот.

Голем број на круцијални проекти останаа нереализирани, како што се тунелот под Кале, Универзалната сала, велосипедските патеки, спортските капацитети, спектакуларно најавуваниот зип лајн и така натаму, но тоа се само дел од предизборните лаги на Шилегов на кои многу скоро ќе им дојде крај.

Ние ги знаеме проблемите со кои се соочува Град Скопје, на нас останува истите да ги исправиме!

Промените ќе започнат токму од Град Скопје, со заминувањето на Шилегов!“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ