(ВИДЕО) Митева до Шилегов: Каде се 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа?

Од:

„Повторно го прашувам Шилегов каде се и за што се потрошени 12.5 милиони евра од продажбата на градската куќа? Кога Шилегов се фали дека нешто набавил, нека се присети дека да не беше ВМРО-ДПМНЕ сега уште ќе се возеа старите автобуси од пред 40 години по улиците на Скопје. Градските власти од ВМРО-ДПМНЕ купија 310 автобуси за ЈСП, или 3 пати повеќе од тоа што се фали Шилегов дека купил како возила за сите градски претпријатија“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Петре Шилегов кога се фали дека додека е градоначалник претпријатијата под Град Скопје набавиле 130 возила треба да знае дека толку возила се набавени во времето на ВМРО-ДПМНЕ во само едно претпријатие. Додека за сите претпријатија во целост се набавени над 500 возила и механизација, односно 4 пати повеќе од тоа што Шилегов денес се фали.

Во време додека ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Град Скопје набавени се 100 возила само за ЈП „Комунална хигиена“, во чиј состав влегуваат камиони за собирање на смет, чистење и миење на улици, и тоа е најсовремена опрема каква што имаат и големите европски метрополи.

Нови машини се купени и за ЈП „Улици и патишта“, тоа 2 камиони четироосовинци, 2 ровокопачи, машина за нанесување на асфалт, неколку валјаци, камиони за пренесување на работници и алат, машини за залевање на пукнатини на асфалт и многу друго.

Во ЈП „Паркови и зеленило“, ВМРО-ДПМНЕ има набавено 10-тина возила и над 50 косилки, како и тракторска косилка и камион за пресадување на дрва која е машина каква што претходно немала Република Македонија.

Десетици возила се купени и за ЈП „Градски паркинг“ и за „Дрисла“ каде се купени утоварувачи и машини за пресирање на сметот.

Ова е 4 пати повеќе од тоа што се фали Шилегов дека го купил. Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ 4:1.

Време е за одговори и одговорност. Време е за промени. Време е Скопје да тргне напред. Време е за Македонија за сите луѓе“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ