(ВИДЕО) Митева: Автобуската несреќа ја отвори пандорината кутија во која лежи целата неспособност на СДСМ и ДУИ

Од:

„Во пожарот кој изби во автобусот на „Беса Транс“ на 23 ноември во Бугарија додека се враќаше од Турција трагично настрадаа 45 патници, а со повреди се здобија 7 лица. Ваквата страшна несреќа ја отвори пандорината кутија во која лежи целата неспособност на власта предводена од СДСМ и ДУИ“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека власта се обидува на секој можен начин да ја прикрие вистината, јавноста трага по вистинитоста на случајот. И покрај молкот од власта за сите прашања кои досега ги поставивме, СДСМ и ДУИ се уште се обидуваат вината да си ја префрлат од еден на друг во зависност од тоа кој која институција ја раководи.

Кадарот на ДУИ, Руфат Хусеини како директор на Инспекторатот за транспорт објави дека регистарските таблички на автобусот на Беса Транс не постојат, практично автобусот не е регистриран и така поминал на граничниот премин Деве Баир. Додека Хусеини се чуди и се обидува одговорноста да ја насочи кон МВР и Царина, од таму мудро молчат со надеж дека ќе ги замолчат и граѓаните. Овој автобус минатата година ја поминал границата вкупно 135 пати и дали тоа се случило на истиот начин, нерегистрирано возило успешно да ја минувало границата? Кој го овозможил тоа и за која цел? До кога личниот интерес ќе има примат за сметка на колективниот?

Оваа власт на чело со премиерот во заминување за сите трагедии кои се случија, од несреќата во Ласкарци, пожарот во модуларната болница во Тетово па се до оваа автобуска несреќа функционира на истиот начин. Морална одговорност стана мисловна именка, а за политичка одговорност не ни размислуваат, мудро си ја префрлуваат вината и купуваат време. Автобус кој не бил пријавен во Министерство за транспорт и врски, кој немал лиценца за вршење на меѓународен транспорт, кој не бил регистриран и бил управуван на непостоечки таблички ја поминал границата.

После сите утврдени факти можеме да заклучиме дека целата вина лежи во институциите кои се под раководство на оваа власт, а тие се уште велат дека не се виновни. Неопходно е СДСМ и ДУИ да ги ослободат институциите а со тоа да ја ослободат државата од неспособност. Само така ќе се спречат идни трагедии“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање