(ВИДЕО) Мисајловски: Клиничкиот центар во Ѓорче Петров не постои

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 Владо Мисајловски денеска во Ѓорче Петров го повика градоначалникот на Општината да каже дали таму се гради Клинички центар.

– Со скапите реклами што ги најавуваат од СДСМ дека градат Клинички центар може да погледнете на оваа полјана дали нешто се гради и дали воопшто има Клинички центар. Ова е симболот на СДСМ за проекти. Ги повикувам градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски и Оливер Спасовски да им покажат на граѓаните дали овде се гради Клинички центар, дали има нешто започнато, нагласи Мисајловски.

Нека погледнат, граѓаните внимателно, вели тој, додека СДСМ размислува како да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на терен насекаде за да ги покаже сите симболи од проекти на СДСМ.

– Клиничкиот центар не постои, како што не постојат ниту 230 километри нови автопати, како што не постојат и тие 500 километри најавени автопати, како што не постојат инфраструктурни објекти во Ѓорче Петров и во целата изборна едница 2. Ова позади мене е пустош. Ова е нешто што три години го најавуваа дека ќе го започнат, а сега во изборната кампања велат дека го градат, вели Мисајловски.

Тој ги повика граѓаните внимателно да изберат овој пат, дали, како што посочи, сакаат обнова или проекти, или сакаат неспособност, лаги, пустош приредени од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ