(ВИДЕО) Мисајловски од Чаир: Граѓаните ќе можат да си го откупат дворното место без да бидат под притисок од општината

Од:

Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица Владо Мисајловски, денеска се сретна со граѓаните во Чаир, каде ја претстави својата програма.

Кога од СДСМ ветуваа дека ќе има 500 евра плата за секој, рече Мисајловски, ги заборавија овие граѓани тука, го заборавија Чаир.

– Во Чаир е тешко да се живее, но овие луѓе се упорни. Овие луѓе со срце како планина и ќе издржат и сакаат еден убав и спокоен живот тука во Чаир. Но, никој од нас не смее да ги заборави. Ние имаме прекрасни луѓе тука и на листата но и прекрасен комитет кој постојано се гледа со сите граѓани. Они сакаат еден добар соживот, но тоа ние треба сите заедно да го направиме. Затоа во наредниот период сите ние заедно ќе ги промовираме нашите позитивни вредности, нашите проекти, како граѓаните да си го откупат дворното место, а не да бидат под притисок од општината да не знаат дали еден ден ќе влезат да ги примаат да го решат тој проблем, исто така да ги решат основните базични проблеми што ги има секој еден граѓанин тука, немаат паркинг место, не можат да се справат со овој урбан хаос што се случува тука во Чаир, изјави Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела