(ВИДЕО) Мисајловски: Народот очекува неотповиклива оставка од Венко Филипче и Зоран Заев

Од:

„Искажуваме најдлабоко сочувство кон семејствата на вчера настраданите наши сограѓани во пожарот во болницата во Тетово. Нема доволно зборови за утеха за оние кои ги изгубија најблиските. Нека Господ биде со нив, им дава сила да ги поминат овие најстрашни моменти. Глетката од Тетово е жална и трагична. Ужасна трагедија“, кажа Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Искажуваме и длабока благодарност и до пожарникарите од Тетово и до медицинскиот персонал од болницата во Тетово, кои први се најдоа на местото, како и на граѓаните од Тетово кои даваа прва помош за санирање на и онака ужасните последици од овој настан.

Животите на луѓето се најскапиот дар, тие не смеат да завршат така како што завршија на повеќе наши сограѓани во Тетово.

Барајќи здравје од државата, наши сограѓани, на општа жал, најдоа ужасна смрт.

Државата, преку својот здравствен систем, од моментот на прием на пациентите во болница е одговорна за нивните животи.

Ниту еден живот не смее да згасне поради нестручност, некадарност и неодговорност при менаџирање со здравствениот систем.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од тешки зборови во овие денови за неспособноста на оваа Влада.

Не сакаме да внесуваме политика во најтрагичниот момент од животите за многу наши луѓе и сограѓани од Тетово и тетовско.

Но за почеток, денес и без одложување мора да има функционална и морална одговорност, народот очекува неотповиклива оставка од Венко Филипче и Зоран Заев.

Оставка затоа што народот не верува во институциите управувани од оваа власт, двајцата ќе бидат и објективна пречка за транспарентна и неутрална истрага која мора да ја има.

Народот бара извештај кој ќе е веродостоен, точен и прецизен. Народот очекува одговор каде е причината и одговорноста без влијание на моќ која што во моментот ја поседуваат Венко Филипче и Зоран Заев“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ