(ВИДЕО) Мисајловски: Извештајот на Стејт Депарментот ги нотира криминогеноста, криминалот и корупцијата на власта предизвикани од Заев

Од:

„Зоран Заев ја има заробено државата, судскиот систем, институциите и целиот општествен апарат. Власта функционира мафијашки“, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Извештајот на Стејт Департментот на САД потврдува дека Зоран Заев и неговата влада ја зацементирале Македонија на дното. Се нотира корупција, криминал, поткуп на државни службеници, селективност на правдата и злоупотреба на законските процедури.

Нашите стратешки партнери нотираат злоупотреба на скратените постапки во Собранието. Тоа е работа против која ВМРО-ДПМНЕ континуирано се бори, но и постојано збори.

Законите не се прават врз основа на праксата и реалните потреби, и често се туркаат низ Собранието со скратени постапки, се вели во извештајот и се додава дека законите на хартија се во ред, но од друга страна не се имплементираат што претставува проблем и за граѓаните и за бизнис заедницата.

Според извештајот на Стејт Департментот, иако Македонија има законска регулатива за спречување на злоупотреба на јавните функции и судирот на интереси, но спроведувањето на законите во тој дел е многу слабо и е насочено селективно кон критичарите на власта и ситни прекршители на законите, додека против високи претставници на власта нема ништо.

Стратешките партнери нотираат и постојани појави на непотизам при јавните набавки, а владата не нуди дополнителна заштита за невладините здруженија кои ја истражуваат корупцијата во нејзините редови.

Дека власта изгубила допир со реалноста и не работи за народот и бизнисот го нотираат и големите компании присутни во Македонија. Во Извештајот се вели дека голем број на компании кои работат во Македонија, вклучувајќи и неколку американски компании ја идентификувале корупцијата при јавните набавки и во судството како главен проблем.

Ова е најнегативниот Извештај што Стејт Департментот го дал за Македонија, ова е сурова реалност која ја живееме со корупција, непотизам и конфликт на интереси при јавни набавки, а секако и огромна селективност во правосудството, се гонат ситни риби, а главните не одговараат.

Ова е слика за системот на Заев полн со поткуп и криминал на јавните функционери, со судски систем подлежен на корупција. Ова е суровата реалност денес.

ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија. Корупцијата, криминалот и поткупот ќе станат минато.

Јавната администрација ќе функционира непречено, а судството и ЈО без притисоци.

Ќе го вратиме владеењето на правото. Време е за Македонија за сите луѓе!“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ