(ВИДЕО) Мисајловски: Додека Заеви ги шират бизнисите, Македонија не може да оди напред

Од:

ВМРО-ДПМНЕ од прес конференција обвини дека „Заеви и картелот околу нив енормно се богатат, а народот станува се посиромашен и заминува од нашата земја“.

-Македонија не може и нема да оди напред се додека Заеви ги шират бизнисите, се делат партиски тендери, криминални иновации, а странските инвеститори даваат една голема нула за бизнис климата, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заедно не може да одиме напред се додека власта ги вработува роднините, а за најквалитетните нема место за било какво работно место, заедно не може да одиме напред зашто нема реформи во здравството, во економијата, во градежништвото, во образованието, во културата, во екологијата или било кој ресор. Заедно не може да одиме напред зашто оваа власт го постави сидрото и не закотви на дното во било кој поглед.

Македонија нема да оди напред се додека царува корупцијата и наместо на рангирањата на Транспаренси да бидеме во друштво на земји членки на ЕУ, се наоѓаме на дното во мртва трка со држави од Африка.

Нормално е дека за ова нема да слушнете ништо на митинзите ниту од Заев, ниту од неговата опачина Стево Пендаровски. Нема да слушнете ниту за најслабиот економски раст во регионот, ниту за задолжувањето, ниту за маките на земјоделците кои го фрлаат својот плод.

Тие на митинзите се фалат со тоа со што секој еден пристоен и чесен Македонец би се срамел. Се фалат со распродажбата на националните интереси, прифаќањето на грчките црвени линии, промената на името и идентитетот, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време