(ВИДЕО) Мирчевски: Tетовчани мора итно да добијат водовод и чиста вода!

Од:

„Вие имате право и на здрава животна средина и на чист воздух. Но, знаеме дека ваша најголема болка е тоа што немате доволни количини вода за пиење. Знаеме дека постојните рестрикции во водоснабдувањето и сувите чешми се проблем со кои се соочувате особено во летниот период.

Знаеме дека две децении се надевате дека ќе добиете нов водовод со кои ќе ви се решат проблемите со водата за пиење. Сите знаеме дека е срамота во 21 век граѓаните да полнат вода во шишиња и буриња за да имаат за основните потреби. Згора на тоа да плаќаат и сметки за вода која што не ја добиваат. На граѓаните им е доста од лагите на политичарите кои наводно почнаа да градат водовод уште во 2000-та година, а не го завршиле“, изјави Пеце Мирчевски, член на ИО на СДСМ.

„Затоа од тука порачуваме дека целосно изградба на водовод на територијата на општина Тетово мора да биде приоритет на секоја влада и секоја локална самоуправа. Срамно е што досега не беше така.

Ја повикуваме Владата да им се извини на тетовци затоа што пред повеќе од година дена вети дека цевководот ќе биде завршена во септември 2015 и дека до крајот на 2015-та година проблемот ќе биде решен.

Ја повикуваме градоначалничката да им се извини на тетовци затоа што им вети дека филтер станицата ќе се изгради до есента 2016-та година, ама еве речиси дојде есента, а филтер станицата не е готова.

Граѓаните со право реагираат, тука сме да ги слушнеме и да осигураме дека промената за нив ќе значи здрав и безбеден живот“, рече Мирчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он