(ВИДЕО) Мирческа: Граѓаните очекуваат одговорност директно од Царовска

Од:

„Уште колку случаи на негрижа се кријат од МТСП и што треба да се случи за да се понесе одговорност?

Нови два случаи на бремени малолетни девојчиња во Домот за деца „25 Мај“ ја шокираа македонската јавност.

По монструозната случка за силувањето на 13-годишно девојче кое забременило во Домот за деца ова е втор и трет скандал кој ја згрози јавноста.

Државните институции, кои треба да се грижат за правилниот раст и развој на згрижените деца се претвораат во место за измачување и терор“, изјави Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Државната грижа целосно затаила. Неодговорноста на МТСП и Цароска го трауматизираше животот на дечињата во Домот за деца „25 Мај“.

Мила Цароска не смее да бега и да се затскрива зад партиски реакции и соопштенија. Мила Царовска е директно одговорна за сите пропусти и недоследности на институциите под раководство на МТСП.

Животот за трите девојчиња се претвори во трагедија. Последиците по нивното психичко здравје се големи и незаборавни. Дали разбира Мила Царовска низ која голгота поминуваат овие дечиња. Ниту една оставка на директор или некој пониско во хиерархијата на МТСП нема да ја спаси Цароска од одговорност.

Одговорност мора да има. Граѓаните очекуваат директна одговорност директно од Царовска“, рече Јована Мирческа.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела