(ВИДЕО) Мираковска со забелешки за иницијативата на Петров: Тој прејудицира настан

Од:

Законодавно-правната собраниска комисија констатира дека иницијативата на Тодор Петров за собирање потписи за нов референдум е уредна. Претседателката на комисијата, Соња Мираковска рече дека има неколку технички забелешки но неспорно е според неа дека подносителот ги има потребните повеќе од сто потписи за иницијативата. Една од дилемите што таа ги наведе е дека Петров предвреме го доставил барањето до Собранието, односно две дена пред да бидат изгласани амандманите за Северна Македонија.

– Она што е факт е дека Вие прејудицирате настан бидејќи на 9-ти поднесувате барање за дополнителен референдум за одлука донесена во Собрание, а одлуката е донесена на 11-ти. Тоа се забелешки, но сепак сега и да донесеме одлука дека формално не го исполнувате условот, за неколку дена ќе ги имате потписите, а волјата изразена од сто уредно потпишани граѓани за нас е доволно да донесеме мислење дека иницијативата е уредна, рече Мираковска.

Претходно и комисијата за политички систем заклучи дека иницијативата е уредна. Сега подносителот на иницијативата чека претседателот на Собранието да достави мислење до Државната изборна комисија за во рок од 20 дена да почне да собира потписи. Петров очекува постапката да започне од 15 февруари и до средината на мај да ги собере потребните 150 000 потписи за дополнителен референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за Северна Македонија.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада