(ВИДЕО) Мираковска: Нов закон во интерес на граѓаните, отпис на каматата за наплата на долгови

Од:

Пратеничката Соња Мираковска од владејачкото мнозинство денеска на прес-конференција изрази задоволство што парламентарни партии постигнаа консензус за предлагање и усвојување на закон за отпишување на камата за наплата на долгови.

Предлог-законот, како што истакна Мираковска, е од исклучително значење за граѓаните на Република Македонија.

– Законот за отпишување на камата за наплата на долгови, што го предложивме вчера, обезбедува отпис на затезната односно казнената камата, која се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот, рече пратеничката од НСДП.

Решението е поддржано и од опозицијата, а претходно денеска прес-конференција одржа и пратеникот Панчо Минов.

– До ова решение дојдовме по повеќе месечна консултација меѓу пратеничките групи во Собранието, Владата, како и најголемите доверители, кои на наше инсистирање искажаа подготвеност да излезат во пресрет на потребите на граѓаните, за што ние особено се залагавме, рече таа.

Предложениот закон предвидува отпишување на каматата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на паричниот долг, до конечна исплата на паричното побарување.

– Станува збор за проблем со кој граѓаните се соочуваат од 2011 година, кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршуваат кај извршителите. Во тој процес најголеми жртви се граѓаните кои се соочија со огромни затезни и казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат, ниту пак дека има предлози за присилна наплата, рече Мираковска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски