(ВИДЕО) Миовски: Неиздржани се лагите на Марин дека нема законски основ за мораториум на градбите во Аеродром

Од:

„Конечно го видовме вистинското лице на Златко Марин.

Вчера по предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред на седница на Советот на општина Аеродром беше точка за мораториум на постапките за издавање на одобренија за градење на објекти на градежни парцели кои се во границите на деталните урбанистички планови кај „Мајчин дом“ и во Стар Аеродром, како и запирање на сите постапки за изградба на објекти за кои е издадено правосилно одобрение за градење во границите на овие детални урбанистички планови, се до извршување на ревизија од страна на стручните служби на општина Аеродром“, рече Петар Миовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Златко Марин и советниците на СДСМ со коалицијата одлучија да не ја поддржат оваа точка и да овозможат изградба на започнатите градби во Аеродром.

Лицемерно е пред избори да ветуваш мораториум на градби и за само една година да си го погазиш зборот.

Неиздржани се лагите на Марин и СДСМ дека нема законски основ за мораториум на градбите во Аеродром.

Неиздржани се обвиненијата кон ВМРО-ДПМНЕ од позиција на градоначалник со мандат од една година, кој ништо не преземал за спречување на овие градби.

Златко Марин со театрални пресови и интервјуа „бара решение“, и се моли да не го најде. Тоа повеќе не проаѓа.

На граѓаните им е и повеќе од јасно дека бизнис интересите се единственото нешто што го интересира Златко Марин.

Лицитирањето со суми за оштета, незнаењето, покажување со прст кон опозицијата се само изговор дека нема решение на проблемот, а вистината е дека од 1 ноември 2017 година, кога Златко Марин ја презема градоначалничката функција, до септември 2018 година, кога издаде одобрение за градење на висококатницата кај „Мајчин Дом“ не се ни обиде да најде решение за проблемот, иако тоа му беше главно предизборно ветување.

Аеродромци ќе го паметат Златко Марин како најнеспособен градоначалник на Општина Аеродром, што само за една година си го погази зборот и не исполни ниту едно предизборно ветување“, изјави Петар Миовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност