ВИДЕО: Министре Адеми каква ви е оваа транспарентност, каква е ова дебата?

Од:

Студентите останаа револтирани откако никој од Министерството за образование не сакаше да разговата со нив, ниту да пушти тројца претставници на дебатата за реформите во високото образование.

Тие посочија дека дебатата, на која и да присуствуваа не е дебата, туку фарса, со оглед дека Владата си ги донесе предлог законите беа да се консултира со студентите и професорите.

Прашање е каква е неговата дебата, 10 илјади студенти излегоа на улица, 10 илјади студенти кажаа „не“ на државните испити, каква е оваа дебата, „пост фестум“ да бидат соопштени предлог одлуките. Кој дебатира?

Студентски парламент кое не е легитмно тело, а не е ни легално тело зошто е со истечен мандат. Го прашуваме министерот дали не го слуша гласот на студентите, кога планира да се сретне со нас студентите и кога планира да ни одговори на нашите легитимни ставови? Ова што го прават овде е нелигитимно и не тераат да делуваме вонинституционално. Особено, што оваа дебата беше најавена во Педагошкиот факултет и оваа ненајавена јавна дебата беше најавена за таму, а еден час пред да се одржи беше преместена во МОН. Која е таа ваша транспарентност?

Многу од факултетите и дел од универзитетите се изјаснија против држевен испит, одново се поставува прашањето-како и со кој аргументи Владата не убеди дека со државен испит ќе се подобри образованието?

Тие немаат никаква анализа, не објаснија како ќе помогне оваа мерка во квалитетот на образованието. Ако има дебата, треаба да следува по целосна анализа во образованието, а не да се дебатира по повеќето веќе донесени закони од страна на Владата, рече Дарко Малиновски, од Студентскиот пленум.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов