(ВИДЕО) Милососки: Живко Пејковски, дома ќе ти дојдеме ако не го пуштиш Љубе

Од:

Љубе Бошскоки е веќе три недели киднапиран од директорот на Идризово, Живко Пејковски, кој по последното соопштение за јавност многу замаглено, се правдаше зашто не го пуштал да излезе од затвор, порача генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки на протестот пред Министерството за правда.

-Од педагогот и сите лица во затворот Бошкски има документи дека може да биде ослободен како и од судот. Но, ти Пејковски сакаш да бидеш и судија, судиш дека имал друго дело и за Ровер. Вие не можете да бидете и судија, кога судот кажа дека сите обвинети за Ровер можат да се бранат од слобода. Доколку за два три- дена не биде пуштен нашиот претседател кривичната пријава ќе биде активирана за вас.

Милососки му порача на директорот Живко Пејковски дека протестите ќе се омасоват и ќе се радикализираат, и дека Љубе Бошкоски ќе излезе.

-Живко Пејковски, ти што го држиш киднапиран Љубе Бошкски, јавно кажа дека се плашиш од Никола Груевски, затоа од тука се обраќам до Никола Груевски. Никола, ти си пред заминување, Никола ослободи го Пејковски од стегите кој плаче како мало дете. Од тука најавуваме дека ќе ги радикализираме протеастите, ќе му дојдеме пред куќа на Пејковски, нема да имаш мир од луѓето на Љубе Бошкоски, кажа Милососки.

Тој од пред Министерството за правда кажа дека судството е партизирано, што го потврдил и министерот за правда кој сега даде оставка.

-Тој кажа дека во Македонија се носат политички и партиски пресуди, токму таква има Бошкоски. Сега за тешки кривични дела измама и фалсификати, судството е со двојни аршини. Има изроди како Пуки кој не се срамеше дда кажува дека Бошкоски имал пиштол, а кажа и други приказни, но ние не сме силеџии оставаме во судска постапка да се одговоара за репетирањето пиштил во главата на Бошкоски, рече Милососки.

Милососки се осврна и на снимката која се пуште на провладините медиуми а со која сака да се прикаже дека Љубе Бошкоски го продавал името за два дена.

Домашниот пријател на Груевски, Латас Павловиќ, после вториот прес на Јанева те фати паника, со снимки прикажуваш дека Љубе го продавал името. Можеш да најдеш снимка и на Јутјуб како Бошкоски кажува дека нема промена на уставното име Македонија. Но сакам да ти кажам Павловиќу, голем патриоту, во тие снимки каде е провоциран нашиот претседател за името, дека Саша, Никола Груевски од позиција на сила се пазареа за името. Ете, тие го продаваа името. Што се однесува за името, Павловиќу, името на Македонија, треба да се реши не за два дена дена, туку веднаш, зашто за уставното име не треба никако да се разговара, ете тоа е вистината, а не вашите лаги, рече Милососки пред Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска