(ВИДЕО) Милошоски: Денеска оддадовме почит на Мечкин камен, не им даваме легитимитет на прослави организирани од СДС и ДУИ

Од:

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска положи цвеќе на споменикот на Илинденците на Мечкин Камен во Крушево по повод празникот Илинден – Ден на Републиката. Антонијо Милошоски од име на партијата на сите граѓани на Република Македонија им го честиташе Илинден кој, рече, е најголемиот слободарски празник на нашата држава.

– Сметаме дека овој Илинден е премногу важен, за на овој ден да дадеме легитимитет за нелегално избрани функционери. Имаме огромна чест како партија која ги полага своите корени на историското ВМРО, како современа генерација да им оддадеме почит на паднатите жртви за Крушевската Република, којашто е темел на современа Република Македонија, рече Милошоски.

Ги повика сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизери и граѓани кои сметаат дека нивната порака е соодветна, да се воздржат од, како што рече, „давање легитимитет на прослави организирани од владата на СДС и ДУИ“.

– Затоа што цениме дека можно е со такви некои одлуки коишто го иритираат народот, како одлуката на господинот Џафери да се обрати тука, на Мечкин Камен, да се создадат некои услови или некој да смислил некои намерни инциденти кои можат да ја нарушат честа и достоинството на Илинден, како еден голем македонски слободарски празник, истакна Милошоски.

Покрај него, во делегацијата која им оддаде почит денеска на жртвите на Мечкин Камен беа и Христијан Мицкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Диана Транталоска и Златко Перински, членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања