(ВИДЕО) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Од:

„Прво би сакал една кратка реплика на колегите од владејачкото мнозинство, навистина е несериозно да се одржи вонредна прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски на 28 септември, а до ден денес да ги немаме во Собрание законите кои што тој така итно ги најави“, рече Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од неодговорноста на власта, ние како пратеничка група следниот ден на 29 септември предложивме закон за измени во законот во енергетика преку кои училиштата и јавните претпријатија и болниците би биле на регулираниот пазар и сакаме да се интервенира што побрзо.

Но, за жал владејачкото мнозинство, иако законот е само од три члена една недела се уште не замајува дека се преведува предлог законското решение на ВМРО-ДПМНЕ. Односно одолговлекува затоа што власта не е способна да ги достави до Собрание предлог законите кои што Ковачевски кажа дека се итни, дека ги има, дека бара поддршка, а од нив нема ни трага, ни глас во собраниските архиви. И затоа е бесмислено да се говори за поддршка на закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието.

По однос на законот за заем кај ЕБОР, ние неколку пати сме кажале како опозиција дека се сомневаме во трошењата на средствата кои што Владата го прави од вакви заеми и од самиот буџет. И видовме дека и одредени медиуми кои што работеа на истражувачко новинарство утврдија дека за време на кризата со пандемија и енергетската криза многу средства биле и злоупотребени за купување на одредени работи кои што немаат допирна точка со здравствената или енергетската криза. И 25 милиони евра од овој закон за заем пред ЕБОР се предвидени за дополнителни плати и вработувања кои што власта недомаќински ги прави во ЕЛЕМ-ЕСМ. И сметаме дека во ваква криза кога секој стопанственик особено тие кои што се со помалку вработени се бори за зачувување на едно, две или пет работни места, трошењето на четвртина од овој заем за дополнителни нови вработувања е непродуктивно.

И цениме дека не можеме да дадеме поддршка на такви законски решенија, особено не во услови кога според Светската Банка, Македонија за жал е најлошо рангирана во прогнозата за раст на БДП, освен земјите кои што се директно вклучени во војна, како што се Русија, Украина или Белорусија.

Македонија во регионот е лидер по најниската прогноза за економски раст од само 2,1 процент и до крајот на оваа година што можеби ќе стане и по лоша бројка со текот на времето“, изјави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски