(ВИДЕО) Миле Талевски: Кумата на градоначалникот Ристески добила тендер од 300.000 евра за реконструкција на градски стадион

Од:

Носителот на советничка листа на СДСМ за Општина Прилеп, Миле Талевски, денеска во изјава за медиумите рече дека фирмата „Новоградба“ врши реконструкција со доградба на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, за сума од приближно 300.000 евра.

– Сопственик на „Новоградба“ е Милка Ингилизова, мајка на директорот на ФК „Победа“ и сопственик на 20% од акциите на клубот, Гоце Ингилизов и кума на прилепскиот градоначалник Марјан Ристески. Постапката за доделување Договор за јавна набавка за реконструкција на Градскиот стадион во Прилеп ја распиша Општина Прилеп, а средствата во висина од 750.000 евра се донација на УЕФА. Ова е уште една потврда дека по теркот на Груевски и “фамилијата“, и Прилеп си има своја “фамилија“ без чие знаење и дозвола не смеел да помине ниеден поголем бизнис во градот, рече Талевски.

Тој најави дека до до Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени барања за ревизија на материјално финансиското работење на „Новоградба“ ДООЕЛ Прилеп.

– Истата постапка за утврдување на законитоста во работењето ќе биде спроведена и во ФК „Победа“ АД Прилеп и во Здружението за спорт и култура „Манкис“ 2015 Прилеп. Новата локална власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски ќе им овозможи еднаков третман на сите фирми кои ќе учествуваат на огласите за јавни набавки распишани од страна на Општина Прилеп, рече Талевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби