ВИДЕО: Мијалков без прашања, Тачи испитуваше сведоци, Бубевски се надева дека делото на ексдиректорот на УБК нема да застари

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше центар на вниманието на денешното судење за „Титаник 2“, откако на минатото рочиште не беше спроведен од затворот во Струга каде издржува казна за „Империја“. Час и половина ги помина во судницата на Кривичен суд, без ниту едно прашање за сведоците кои одново се сослушуваат. Единствен разговор му беше со неговите адвокати. За разлика од другите обвинети, тој седеше во задните клупи на судницата.

Прв сведочеше Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија во периодот за кој обвинетите се гонат за изборни нерегуларности. Прашања имаа обвинетиот Мендух Тачи ни неговиот адвокат, потоа и ексчленот на ДИК и обвинет Бедредин Ибраими, а најмногу интерес, имаше од Сашо Срцев кој е исто така поранешен член на ДИК. Прашања имаше и Бедредин Ибраими го поучи Кондарко: „Од управна постапка конструираме кривично дело“. На ова реагираше судијата Огнен Ставрев: „Бедредин, Бедредин…“, а Ибраими дополни: „Не, не, само да појаснам“. Судијата изреагира дека треба да прашува, а не да констатира: „Ќе имате можност во завршен збор, ова не е прашање. Ќе имате право да зборувате но не сега“.

По Кондарко, одново сведочеше и ексчленот на ДИК, Виолета Дума. Уште на стартот кога требаше да се утврдуваат лични податоци, судијата Ставрев рече: „Да не ви барам лична карта, илјада пати сте биле овде“, на што Дума му врати „Не ја менувам, доживотна ми е“.

„Тоа што сум го кажала тогаш, тоа е. 10 години поминаа, на нешто можам да се сетам, на нешто не се сеќавам“, рече Дума на прашањето од обвинителот Гаврил Бубевски, дали таа останува на кажаното од претходните рочиште.

Претставникот на ДУИ во ДИК во 2013 година, Субхи Јакупи, одговараше најмногу на прашања од обвинетиот Мендух Тачи и Сашо Срцев. Тачи побара да прашува на албански, оти како што рече, ќе било невкусно ако прашувал на македонски.

За претпоследниот сведок, никој немаше прашање, додека последниот, Васил Крстев, сам си кажа дека на ништо не се сеќава, оти заборавил со оглед дека е пензионер.

„Не памтам што ме прашува. Пензионер сум. Сум се потрудил да зборам вистина“, кажа Крстев одговарајќи на прашањето од обвинителот Бубевски дали останува на претходно дадениот исказ.

Сите сведоци, по третпат доаѓаат во судница. Државното правобранителство побара државата да биде обештетена.

Делото на Мијалков во „Титаник 2“ му застарува за четири месеци. Роковите за застарување на делата на другите обвинети е подолг.

„Судот прави напори за ова да заврши во најбрз можен рок. Се надевам дека и Апелација до застапување на апсолутна застареност ќе има своја одлука по предметот“, вели обвинителот Гаврил Бубевски.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“, на Мијалков му застарува делото

Катерина Ѓуровски