Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Од:

Судењето за предметот „Титаник 2“ закажано за денеска во Апелациониот суд – Скопје, е одложено за 14 јули 2023 година во 9:30 минути по барање на еден од обвинетите.

Како што соопшти Судот, судењето е одложено по барање на обвинетиот С.С. поради здравствени причини.

„Титаник 2“ е предмет што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица, за кои обвиненија беа покренеати против поранешниот директор на УЈБ Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи и четворица поранешни членови на Државната изборна комисија.

Во повторената постапка за „Титаник 2“, на 23 јануари годинава Основниот кривичен суд – Скопје ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна затвор од 12 години затвор на обвинетите.

По обвинение за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, Судот го осуди Мијалков на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Ова кривично дело на Мијалков застари на почетокот на април.

Судот на казна затвор од по две години ги осуди Тачи, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“.

Претходно, на 8 март 2019 година Основниот кривичен суд – Скопје на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември истата година ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување поради „суштествени повреди на постапката“.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески