Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“, на Мијалков му застарува делото

Од:

Апелационен суд Скопје ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април поради отсуство на дел од обвинетите, кои биле неуредно поканети.

На денешната седница во Апелација за жалбите по првостепената пресуда за повторената постапка за случајот „Титаник 2“, присутни беа само Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими, кој рече дека не добил покана, но дознал по допрен глас и дошол на седницата.

Не беа присутни лидерот на ДПА Мендух Тачи и членовите на ДИК Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои судот констатир дека биле неуредно поканети.

На 23 јануари годинава, Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Кривичното дело на Мијалков за „примање награда за противзаконито влијание” застарува на почетокот на април.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“ судот го осуди на казна затвор од две години.

На поранешните членови на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, судот за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, им изрече казна затвор од по две години.

Основниот кривичен суд во Скопје на 8. март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески