(ВИДЕО) Михајловска: Откако излезе видеото во кое се појавувам, СДСМ се впушти во организиран напад

Од:

„Сексизмот, навредите и говорот на омраза организирани од СДСМ, упатени кон мене го покажува понижувачкиот однос на Зоран Заев и ова раководство на СДСМ кон жените и женските права.

Македонија ја направија држава каде е срамно да се појавиш на спот, а не е срамно да рекетираш пари, каде е срамно да ја кажеш вистината, а не е срамно власта да соработува со криминалци.

Токму затоа многу млади луѓе си одат од земјата, а јас после ова сум уште похрабра, поодлучна и помотивирана да го дадам својот допринес за уривање на оваа ненародна и недемократска власт, која ги потценува и деградира жените“, рече Тамара Михајловска, кандидат за пратеник од изборна единица 1.

„Веднаш откако излезе видеото во кое во една улога се појавувам јас, СДСМ се впушти во организиран напад, кон мене како жена, со крајно вулгарен и недоличен речник, сакајќи да ја ме дискредитираат.

Нападите кон жената се израз на немоќ, страв од пораз на хибридниот режим. Додека ВМРО-ДПМНЕ нуди нови лица, млади и без багаж од минатото, тие на листите имаат луѓе кои се во политиката и по 3 децении и немаат направени ништо за Македонија.

Сликата која е полна со сексизам, говор на омраза и навреди за жал е сликата за власта во заминување. Понижувачкиот однос кон жената е срамно дело на Зоран Заев и навреда за сите жени во државата“, изјави Тамара Михајловска, кандидат за пратеник од изборна единица 1.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ