(ВИДЕО) Мигранти: Полицијата тепаше 13-годишно девојче

Од:

По празниот перон изутрина, на пладне повторно се наполни цел воз со мигранти кон Србија. На повеќето од нив крајната дестинација им е Германија.

Среќни и насмеани што успеале да влезат во „возот на спасот“ пред тргнување порачаа „Господ нека ни е на помош“.

– Две недели патувавме до тука, изутринава во 9 ја поминавме македонската граница. Поминавме низ џунгли и планини да стигнеме до тука, рече мигрант од Сирија. На прашање на новинарите дали виделе дека полицијата тепа некои од мигрантите тој рече:

-Полицијата тепаше таму двајца од мигрантите, потоа дојдовме овде и истото повторно се случи. И овде полицијата удри двајца мигранти од кои и едно девојче на 13 години. Ние ги повикавме ОН и тој проблем беше решен, рече тој.

– Германија е нашата крајна дестинација, таму сакам да продолжам со студииите, јас сум доктор, студирам медицина. Немам роднини таму, јас сум прв од моето семејство што оди кон Германија. Бегалец од Ирак исто кажа дека полицијата удрила девојче.

– Мојата дестинација е Финска, немам роднини таму, сам сум, но сакам да имам иднина, рече мигрантот од Мосул во Ирак, кој успеа да се качи во возот.

Видов дека полицијата тепа некои луѓе, тепаше дете, рече тој.

Среќен пат, им порача вработен на железницата пред тргнувањето на возот за Србија.

Би можело да ве интересира

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски