(ВИДЕО) Мицскоски: Заев и СДСМ се најголеми непријатели на правдата

Од:

Со паролата „Доле мафија, правда сега”, вечерва ВМРО-ДПМНЕ, го одржа новиот протест како што велат тие, против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство’. Маршот предводен од претседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, почна од Министерството за правда и заврши пред објектот на Јавното обвинителство на РСМ од каде беа упатени пораки до власта.

Пpoтecт пpoтив нeпpaвди, peвaншизам и политичко нacилcтво, 03.10.2020

Пpoтecт пpoтив нeпpaвди, peвaншизам и политичко нacилcтво, 03.10.2020

Posted by Hristijan Mickoski on Сабота, 03 октомври 2020

Мицкоски во обраќањето на протестот рече дека четири години гледат само неправда, а нај добар доказ за ова, како што рече, е тоа дека за четири години ниту еден министер, ниту еден директор уште не одоговарал за злоупотреба или криминал. Тој го критикуваше Обвинителството дека „не постапува во случај кога во државата се затвора банка од 200 милиони евра, односно за тоа дека со панамски пари во Тетово, се купува земјиште“.

– Гордана Јанкулоска ја однесоа во затвор за мерцедесот, а мерцедесот го возат сами тие. Не може да има владење на правото додека не се вештачи телефонот на Бојан Јовановски во случајот „Рекет”, не може да има владење на право додека не се расветли „Рекет 2″. Нас ни треба правда за обичниот човек. Заев и СДСМ се најголеми непријатели на правдата. Најголемите напади врз мене се затоа што не сум се договарал, рече Мицкоски.

Тој вечерва уште еднаш го повтори ставот дека опозицијата треба да го предложи идниот јавен обвинител и истакна дека Заев бега од ова прашање.

На првиот ваков протест за правда организиран од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски побара од премиерот Зоран Заев, да го одржи зборот и да овозможи предлогот за јавен обвинител да го даде опозицијата, исто како што бараше во време кога беше во опозиција. Но, ден потоа доби одговор од министерот за правда, Бојан Маричиќи, кој посочи дека вистина дека имаше предлог од СДСМ за такво нешто, но опозициската ВМРО-ДПМНЕ избега и ги напушти преговорите. Според него, сега не е време за промена на Уставот, односно тие како власт имат други приоритети во однос на владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Мицевски: Од Венециската комисија очекуваме стручно, независно и објективно мислење за измените на Законот за правосудниот испит

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски