(ВИДЕО) Мицкоски: Неспособноста на владата е еднакво опасна колку и вирусот

Од:

Гледајќи ги денешните резултати од справувањето со корона вирусот сакам да ја споделам со Вас мојата тага, Македонија никогаш, никогаш не била во полоша состојба од денес. Загубата на нашите најблиски, роднини и пријатели, за министерот и премиерот се само ноќна статистика. Но, сакам да ги потсетам дека тие луѓе кои ги губиме биле прекрасни родители, дедовци, работници, доктори или учители кои сме ги изгубиле засекогаш, и како семејства и како држава, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во видео обраќање.

Тој потсети дека партијата неколку пати апелирала од работа да бидат ослободени хорнично болните од приватниот и од државниот сектор.

„Апелиравме за да ги заштитиме, но Заев и Филипче останаа глуви не знам од кои причини. Затоа треба да знаат дека секоја човечка загуба е дел и од нивната одговорност.Болниците се полнат, медицинскиот персонал е преморен. Ова е тежок пораз за државата, а цената ја плаќаат граѓаните. Нема доволно термини за тестирање, а Филипче кажува дека граѓаните доцна се пријавувале за третман. Јас им верувам, јас им верувам на граѓаните, но ми се чини дека министерот изгубил контакт со реалноста од држење прес конференции на кои ни ги кажува црните статистики и задоцнетите мерки“, вели Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките и на тој начин да се заштитат.

„Почитувани сограѓани, Ве молам, останете дома ако немате потреба да излегувате. Бидете на сигурно, со вашите блиски. Носете маска и заштитете се. Ако владата не е способна да Ви помогне, помогнете си сами. Секој човек е важен, и животите не се бројки и проценти. Македонија за жал е една земјите кои најлошо се справуваат со пандемијата во Европа. Кај нас неспособноста на владата е еднакво опасна колку и самиот вирус. Бидете здрави и живи, чувајте се и помагајте си во овие тешки времиња за сите нас“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски