(ВИДЕО) Мицкоски: Заев не го сочува идентитетот, туку го изгубивме и тоа што го имавме досега

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и членови на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар. На средбата Мицкоски говореше за актуелната политичка и економска состојба како и за Договорот со Грција.

– Ни ветуваа живот, донесоа пекол. Откако го донесоа пеколот почнаа да не делат на вакви, онакви. Почнаа да не делат на луѓе кои што биле Европјани и на луѓе кои што биле против Европа и против прогресивните сили. А, позади завесата ја пљачкосуваат и ја уништуваат секоја една педа од татковината, нагласи Мицкоски.

Според него, СДСМ нема поддршка за Договорот од граѓаните, па поради тоа нивните собири се одвиваат на полупразни плоштади.

– Се носат граѓани со автобуси од други градови со притисоци, уцени и закани, забележа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека договорот со Грција е најлошото можно решение за Македонија.

– Со овој документ Заев ја понижува државата, а Македонија го губи името, се менува Уставот, се губи идентитет. Договорот од Преспа се повикува на еден документ кој што се нарекува Повелба на ОН, основен принцип на таа повелба стои немешање на внатрешните работи на една држава. Ако промена на Устав не е мешање во внатрешните работи, што е тогаш мешање во внатрешни работи? Уште од самиот почеток, во самата преамбула овој договор е контрадикторен самиот по себе, изјави Мицкоски.

Мицкоски потсети дека Зоран Заев не го зачува идентитетот туку и тоа што го имавме досега, а што било дел од личната карта на нашата држава од ОН го изгуби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?