(ВИДЕО) Мицкоски во Штип: ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со народот бидејќи народот е тој кој што ги носи промените во државата

Од:

Граѓаните на Република Македонија во вториот круг на претседателските избори 5 мај одлучуваат за сопствената иднина но и за иднината на државата во кој правец ќе се движи, посочи Мицкоски денеска во Штип.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со народот бидејќи народот е тој кој што ги носи промените во државата.

Тој потенцираше дека со победа на Сиљановска Давкова ќе се отвори можноста и за предремени парламентарни избори како и за тоа конечно Македонија да ја види како силна и стабилна држава.

Заедно со народот ние стигнавме на првиот мегниг. Тој прв мегниг беше онаа голема победа во 47 општини во Република Македонија на 21 април. Браќа и сестри, добри луѓе нашиот втор мегниг е 5 мај сега во недела кога треба да покажеме и докажеме дека не само во 47 општини, туку ВМРО-ДПМНЕ заедно со новиот претседател на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова можеме да победиме во цела Македонија.

Третиот мегниг ќе биде победата на предвремените парламентарните избори кога ќе ја формираме новата влада во Република Македонија. А четвртиот и за мене последен мегниг ќе биде тогаш кога ќе се разбудам едно утро и кога заедно со народот ќе кажеме сонот за Македонија онаа нашата цел која што си ја зацртавме кога започнавме да се бориме стане јаве, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации