(ВИДЕО) Мицкоски во Крива Паланка: Ќе бидат поразени заштитниците на криминалот и корупцијата

Од:

Во вториот круг од претседателските избори, граѓаните на Крива Паланка ќе изберат жена за претседател, со што ќе се победат сите неправди а со тоа ќе биде поразен криминалот и корупцијата која моментално владее во Република Македонија од страна на владата на СДСМ и Заев, порача Мицкоски денеска во Крива Паланка.

Крива Паланка на 5 ти мај ќе одбере правда за Македонија и тука народот вели Гордана ќе биде. Неправдата ќе биде поразена, ќе бидат поразени заштитниците на криминалот и корупцијата, вели Мицкоски.

Тој пред присутните граѓани ја искоментира и вчерашната изјава на Заев каде што јавно признал дека со својата функција успеал да издејствува запирање на истрагата на двајца негови функционери осомничени за криминал, односно како што рече Мицкоски, Зоран Заев е заштитник и промотор на криминалот а со такви политичари Република Македонија не може да гради европска иднина.

Го гледавме вчера на една телевизија или барем они кои што имаа можност да го гледаат Зоран Заев и да го слушаат како кажува лага до лага, како се препелка, поти, лево десно, па дури и во еден момент призна дека самиот тој од позиција на премиер, претседател на Владата на Република Македонија влијаел во две истраги за сторен криминал на двајца високи функционери, кои што најпрво пред две години беа нели министри, за да вчера признае дека всушност не биле министри туку биде директори.

И на прашањето на новинарот кои се тие директори и каква функција обавувале, каде директорувале, самиот кажа: Е сега вие мене ме терате јас нив да ги обвинам, а неколку минути претходно самиот призна дека практично ја сопрел истрагата за двајца високи државни функционери за основано сомневање дека сториле криминал.

Затоа не само во јуни, не па во јули, нема никогаш да добиеме датум за преговори, ниту пак Македонија има евроатланска иднина заедно со политичари како Зоран Заев, но и оние 102,5 проценти слични на Зоран Заев, претпоставувам знаете за кого зборувам, зборувам за овој Пендаровски Стево, вели Мицкоски.

Тој побара масовна поддршка од страна на граѓаните во недела на 5 мај, потенцирајќи дека вистинска иднина во Европа, Македонија ќе има само доколку добие претседател кој е чесен, честит, достоинствен и кој ќе ги испорача сите ветувања дадени пред граѓаните, додавајќи дека таков човек е токму Гордана Сиљановска Давкова која се бори за правото и правдата во Република
Македонија.

Вистинска иднина во Европа, во европското семејство за Македонија ќе има откако ќе дојдат честити политичари, луѓе кои што наместо, живи луѓе да јадат, ќе испорачаат тоа што ветуваат, ќе исполнат дела, луѓе кои што вистински знаат како се работи за Македонија да биде дел од европското семејство ,каде што ќе се врати владеење на правото и правната држава, каде што вистински ќе се заштитуваат законите и уставот, а таков политичар во Република Македонија денеска секаде во Македонија е прифатен, тој политичар е идниот претседател на државата а тој е Гордана Сиљановска Давкова, објасни Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески